Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2016

Триумф на Французите во Амстедам

Репрезентацијата на Франција ја победи репрезентацијата на Холандија во„ Амстердам арената“ во пријателскиот натпревар со 3-2.

Гостите кои го играа 800 натпревар во историјата на својот национален тим, поведоа веќе во шестата минута, по слободниот удар на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антонио Гризман. Само седум минути подоцна, „триколорите“ ја удвоија предноста преку Оливие Жиру.
Домаќините се обидоа до крајот на средбата барем да го избегнат поразот, Французите се заканија, но Холанѓаните сепак успеаја да се вратат преку Лук де Јонг и Ибрахим Афелај.
Меѓутоа веќе во следниот напад, Антони Марсијал го постигна погодокот со кој му ја донесе заслужената победата на својот тим.
На натпреварот му беше оддадена последна почит на големата легенда на холандскиот фудбал Јохан Кројф кој почина пред неколку денови.
Босна и Херцеговина дури во финишот од второто полувреме успеа да го сруши отпорот на домаќините во Луксембург со 3-0, автогол постигна Шанот во 73-тата, Милан Џуриќ постигна гол во 75-тата и Миралем Пјаниќ во 92-та минута.
Ирска со погодокот на Киран Кларк веќе во втората минута ја порази Швајцарија на домашен терен, додека натпреварите меѓу Ерменија – Белорусија и Словачка – Летонија беа завршени без погодоци.
Дуелот во Португалија беше завршен со еден гол повеќе во корист на гостите од Бугарија, на кои победата има ја донесе Марселино веќе во 19-тата минута по асистенцијата на Попов.
Можност да го изедначи резултатот во 66-та минута имаше Кристијано Роналдо, но утна пенал.

Пријателски натпревари:
Еремнија – Белорусија 0-0
Луксембург – Босна и Херцеговина 0-3
Словачка – Летонија 0-0
Ирска – Швајцарија 1-0
Холандија – Франција 2-3
Португалија – Бугарија 0-1

Најнови вести