Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2015

Карик ќе ја пропушти и Швајцарија

Англискиот фудбалер Мајкл Карик ја напушти репрезентацијата поради повреда, потврди Фудбалскиот сојуз на Англија.

Карик нема да му биде на располагање на селекторот Рој Хоџсон за утрешниот натпревар против Швајцарија, а претходно го пропушти триумфот против Сан Марино (6-0).
Искусниот играч за врска на Манчестер јунајтед досега за „гордиот Албион“ настапи 33 пати.
Неговото место во тимот најверојатно ќе го заземе Џонџо Шелви, играчот за врска на Свонси, кој играше и на натпреварот против Сан Марино.
Англија и Швајцарија натпреварот од квалификациите за Европското првенство ќе го одиграат на „Вембли“ утре од 20.45 часот.
„Гордиот Албион“ пред неколку дена официјално избори пласман на ЕВРО 2016 година во Франција.

Најнови вести