Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2014

Ди Марија: Ги оставивме и срцето и душата на теренот

„Дадовме сè од себе на теренот. Таму ни останаа и срцето и душата. Бевме доволно сконцентрирани и во ниту еден момент не помисливме да се откажеме“.

Анхел ди Марија, стрелецот на победоносниот гол за Аргентина против Швајцарија во осминафиналето на Мундијалот, изјави дека неговата екипа е наградена бидејќи не сакала да се откаже.
„Дадовме сè од себе на теренот. Таму ни останаа и срцето и душата. Бевме доволно сконцентрирани и во ниту еден момент не помисливме да се откажеме. Верувам дека и поради тоа заслуживме да победиме“, изјави Ди Марија за новинарите по натпреварот во Сао Пауло.
Тој ја затресе Швајцарија во 118-та минута, по асистенцијата на Лионел Меси.
„Имавме среќа. Во првото полувреме Швајцарците беа подобри, ова беше чуден натпревар. Сега мораме добро да се одмориме и да се подготвиме за она што нè чека во четврт-финалето“, изјави Алехандро Сабела, селекторот на Аргентина.
Противник на „гаучосите“ во четврт-финалето на Мундијалот ќе биде Белгија.

Најнови вести