Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2015

Англичаните одиграа за Словенија, рекорд на Руни

Фудбалерите на Словенија се вратија во игра за директен пласман на Европското првенство благодарение на поразот на Швајцарија на „Вембли“.

Англија ги надигра Швајцарците со 2-0, а Словенија го искористи тоа и со триумфот од 1-0 над Естонија го намали заостанувањето на три бодови.
Двата тима во последните две кола ќе имаат релативно лесна работа, Словенија игра со Литванија и со Сан Марино, а Швајцарија, исто така, со аутсајдерот и со Естонија, која и понатаму е во игра за местото кое води во баражот, што е главен адут на „змејовите“.
Литванија го совлада Сан Марино со 2-1, па и таа е во игра за баражот бидејќи има три бода помалку од Словенија.
Со погодоците на Хари Кејн и на новиот рекордер на селекцијата Вејн Руни (од пенал), Англичаните ја искомплицираа борбата за второто место во групата, кое води директно на Европското првенство.
Швајцарците на две кола пред крајот, имаат три бода повеќе од Словенија, а откако веројатно ќе го добијат Сан Марино, ќе мора да ја надиграат и Естонија, која и понатаму е во игра за баражот.
Словенците имаат два бода повеќе од балтичката селекција, која ја совладаа со минимален резултат на свој терен, а во следното коло играат со нејзиниот сосед Литванија.
Проблем за „змејовите“ е и тоа што оваа селекција има свои надежи во борбата за баражот, бидејќи заостанува со три бода зад Словенците, по триумфот над Сан Марино во продолжението.

Група Е:
Англија – Швајцарија 2-0
Кејн 67’, Руни 83’
Словенија – Естонија 1-0
Бериќ 63’
Литванија – Сан Марино 2-1
Черник 7’, Спалвис 90+2’ – Витајоли 55’

Најнови вести