Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2016

Португалија поразена, лудница во Софија

Европскиот шампион Португалија доживеа пораз од Швајцарија, а натпреварот на вечерта беше одигран во Софија, на стартот на квалификациите во групите А, Б и Х за Мундијалот во Русија.

Португалија во Базел беше поразена од домаќинот со резултат 2-0, сè беше решено во првото полувреме со погодоците на Емболо и Мехмеди, додека Бугарија на свој терен некако извлече триумф против Луксембург (4-3).
Португалија во финишот на натпреварот беше подобриот ривал на теренот и можеше да внесе неизвесност во средбата. Најблиску до голот беше Нани, но во 82-рата минута ја погоди стативата.
Во преостанатите два натпревари од групата Б, Летонија со минимален резултат од 1-0 ја победи Андора во гости, додека Фарски Острови и Унгарија одиграа без голови.
Фудбалерите на Шведска и на Холандија одиграа нерешено 1-1 во првото коло на групата А. Големо изненадување во оваа група приреди Белорусија, која на свој терен одигра без голови со вицешампионот на Европа, репрезентацијата на Франција.
Франција беше доминантна, создаваше шанси, упати доста удари кон голот на противникот, но Белорусија на крајот успеа да се одбрани и да го освои првиот бод во квалификациите.
Најубедлива победа во вчерашните натпревари постигна селекцијата на Босна и Херцеговина, која со 5-0 ја победи Естонија. Двата гола ги постигна Емир Спахиќ, а по еден Един Џеко, Харис Медуњанин и Ведад Ибишевиќ.
Грција на гостувањето беше убедлива со 4-1 против Гибралтар, додека Белгија, исто така во гости, со 3-0 славеше против Кипар. Ромелу Лукаку два пати беше стрелец за Белгија, а во стрелците се запиша и Јаник Караско.

Најнови вести