Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2014

Хицфелд: Баерн е најголем фаворит за Лигата на шампионите

Отмар Хицфелд, селекторот на репрезентацијата на Швајцарија, изјави дека неговиот некогашен тим Баерн Минхен е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите.

Хицфелд работеше во Минхен од 1998 до 2004 година и во сезоната 2007/08, пет пати ја освои Бундеслигата, трипати Купот на Германија, четири пати Лига купот, Лигата на шампионите и Интернационалниот куп.
„Неверојатно е како игра Баерн оваа сезона и како ги руши сите рекорди. Ниту еден тим толку рано не стана шампион. Тренерот Пеп Гвардиола го направи тимот уште подобар и за мене Баерн е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите“, изјави Хицфелд.
Баварскиот тим со победата од 3-1 над Херта ја освои 24-тата титула на Бундеслигата, но и постави рекорд бидејќи тоа го направи седум кола пред крајот.
Во Лигата на шампионите Баерн, кој го брани пехарот освоен минатата година, во четврт-финалето ќе игра со Манчестер јунајтед. Првиот натпревар се игра во Англија на први април, додека реваншот е осум дена подоцна.


Најнови вести