Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2012

Пескара остана без тренер по поразот од Сиена

По натпреварот од 13-тото коло на италијанското фудбалско првенство и минималниот гостински пораз од Сиена (1-0), Џовани Стропа, 44-годишниот тренер на Пескара, поднесе оставка на својата должност.

Веста за „Скај спорт“ ја објави Даниеле Дели, спортскиот директор на клубот:
„Стропа одлучи да поднесе оставка, а ние ја прифативме неговата одлука. Искрено, не очекував ваква одлука така што реков дека ние не би го смениле во случај на пораз. Кој ќе биде нов тренер? Засега е прерано да се споменуваат имиња“, изјави Дели.
Стропа во Пескара дојде во јуни, кога на клупата го наследи Зденек Земан. Клупата ја напушти по осмиот овосезонски пораз.
Пескара моментно се наоѓа на 16-тото место на табелата на италијанското првенство со 11 освоени бодови.

Најнови вести