Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2013

Фарса на Сицилија: Гасперини по втор пат сменет оваа сезона

Италијанскиот фудбалски прволигаш Палермо се наоѓа во многу тешка ситуација во италијанската Серија А. Тој е на последното место на табелата, а за да се спаси во овој момент му недостасуваат пет бодови.

Во последните четиринаесет првенствени натпревари Палермо не оствари победа, а минатиот викенд на својот стадион изгуби со 2-1 од Сиена, клубот кој е еден од конкурентите за испаѓање.
Маурицио Цампарини, контроверзниот сопственик на Палермо, реагираше како и којзнае колку пати досега, но овој пат смената на тренерот навистина е комична. Во текот на целата оваа сезона се случува голема фарса кога се во прашање тренерите на клупата на Палермо.
Вчера, само по две седмици откако беше поставен за тренер Џанпјеро Гасперини, Цампарини го смени. Тоа е уште посмешно со оглед на фактот дека Гасперини оваа сезона веќе го тренираше Палермо, но Цампарини поради лошите резултати го отпушти. Во меѓувреме, Цампарини како можен спасител повторно го повика Гасперини, и тоа откако му даде отказ на Алберто Малезани, кој во Палермо остана само на три натпревари.
Гасперини во вториот мандат оваа сезона во клубот се задржа уште пократко, беше тренер само две седмици.

Најнови вести