Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2017

Новиот сопственик на Палермо како стариот, сменет уште еден тренер

Уругвајскиот стручњак Диего Лопес е најновата жртва на тренерските промени во Палермо, кои не прекинуваат ниту откако Маурицио Цампарини на местото претседател беше заменет од Пол Бачалјини.

Лопес е веќе четврти сменет стручњак на клупата на Палермо од почетокот на сезоната, а пред него отказ добија: Давиде Балардини, Роберто де Зерби и Еуџенио Корини.
Палермо е претпоследен на табелата на Серија А со 15 бодови, во минатото коло беше поразен од Милан и тешко дека ќе се спаси од преселбата во Серија Б. На местото на Лопес веднаш е поставен тренер од младинската екипа. 
„Наследив тим кој минува низ тежок период и правам сè за да предизвикам реакција меѓу играчите“, изјави претседателот Пол Бачалјини.
Бачалјини на почетокот на март на претседателската функција го замени контроверзниот Маурицио Цампарини, кој од ноември 2015 година изведе дури десет тренерски ротации. Кога ќе се погледне вкупниот период додека Цампарини беше на местото претседател, се доаѓа до неверојатен податок од дури 40 тренерски смени во 15 години.

Најнови вести