Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2016

Несторовски стрелец и против Милан

Нашиот репрезентативец Илија Несторовски постигна нов погодок за Палермо, кој на домашен терен беше поразен од Милан со 2-1.

Несторовски на секој натпревар игра во одлична форма, а во средбата против Милан го постигна својот шести гол во Серија А, но Палермо повторно беше поразен.
За тимот од Сицилија ова е петти пораз во низа, а Милан триумфираше со погодоците на Сусо во првото и на Лападула во второто полувреме од средбата. Несторовски со погодокот во 72-рата минута го израмни резултатот.
Палермо се наоѓа на претпоследното место на табелата само со шест освоени бода. Фудбалерите од Сицилија досега имаат постигнато девет погодоци во 12 натпревари, од кои шест се дело на Несторовски. Во овој натпревар не играше Александар Трајковски, соиграчот на Несторовски.
Горан Пандев, третиот Македонец кој игра во Серија А, средбата меѓу Џенова и Удинезе (1-1) ја следеше од клупата.

Најнови вести