Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2017

Несторовски повторно стрелец, Палермо не стигна до победа

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски постигна погодок во натпреварот против Сампдорија, но тоа не беше доволно за Палермо да оствари важна победа во трката за опстанок.

Сицилијанската екипа беше на чекор од освојување на трите важни бода во трката за опстанок, но на крајот одигра реми 1-1 против Сампдорија.
Несторовски го постигна јубилејниот десетти погодок во Серија А. По половина час од натпреварот, тој го изведе досудениот пенал и беше прецизен од белата точка за предност од 1-0.
Домашната екипа беше на добар пат да забележи победа и да дојде до пет гола помалку во однос на Емполи, но одбраната капитулираше во 90. минута. По еден брз контранапад, Квалјарела постигна погодок за конечен резултат 1-1.

 

Најнови вести