Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2017

Палермо го доведе четвртиот тренер оваа сезона

Фудбалскиот клуб Палермо го ангажираше четвртиот тренер од почетокот на сезоната, Уругваецот Диего Лопес.

Лопес со Палермо потпиша договор до 30-ти јуни 2018 година, а на клупата на новиот клуб ќе седне во недела, на натпреварот против Наполи.
Сезоната на местото тренер на Палермо ја почна Давиде Балардини, кој си замина само по два натпревари, а го наследи Роберто де Зерби, кој беше отпуштен на крајот на ноември минатата година по серијата лоши резултати.
По него, на клупата на Палермо седна Еуџенио Корини, но на почетокот на оваа седмица тој беше сменет.
Палермо по 21 одигран натпревар, се наоѓа на претпоследното место само со десет освоени бода.

Најнови вести