Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2013

Пескара доби нов тренер

Триесет и шестгодишниот Кристијан Буки е промовиран на местото тренер на италијанскиот фудбалски прволигаш Пескара.

Неделниот домашен пораз од Удинезе (1-0) во 27-мото првенствено коло беше пресуден за 48-годишниот Кристијано Бергоди, кој во Пескара дојде во ноември минатата година, по заминувањето на Џовани Стропа.
Буки својата фудбалска кариера ја заврши на заем во Пескара во 2011 година, по што остана тренер на јуниорската екипа. Вчера презеде голем товар – опстанок во првата лига на италијанскиот фудбал.
Пескара во последните осум кола на Серија А освои само еден бод и се наоѓа на претпоследното место на табелата. Од сигурната зона е оддалечена со пет бодови, а до крајот останаа уште 11 првенствени кола.

Најнови вести