Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2016

Сасуоло ги губи бодовите на зелена маса

Административната грешка која ја направија претставниците на Сасуоло пред натпреварот од второто коло на Серија А со Пескара „зелено-црните“ ќе ги чини трите заслужени бодови.

Само по три дена откако ремизираа со Црвена ѕвезда во реванш-средбата од плејофот за квалификациите за Лигата на Европа, и со тоа обезбедија пласман во групната фаза на натпреварувањето, фудбалерите на Сасуоло ја совладаа Пескара.
Тоа беше втор триумф на стартот на Серија А за екипата на Еузебио ди Франческо, но Сасуоло на крајот сепак ќе остане без бодовите освоени на теренот.
Се работи за административен пропуст на претставниците на Сасуоло, коишто наводно не го пријавиле навреме Антонио Рагуза, а новакот од Чезена на теренот ги помина последните 20 минути.
Сасуоло славеше со резултат 2-1, но натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат во корист на Пескара.

 

Најнови вести