Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2014

Сасуоло му врачи отказ на Ди Франческо

Еузебио ди Франческо е уште еден во низата тренери кои оваа сезона добија отказ во Серија А.

На раководството на Сасуоло не му преостана ништо друго освен да му ја покаже вратата на италијанскиот стручњак по шесте порази во последните седум кола. Единствената победа во тој период Сасуоло ја оствари против Милан.
„Сасуоло го разреши од должноста Еузебио ди Франческо на местото прв тренер на екипата. Клубот му се заблагодарува за работата која ја извршуваше и успехот кој го оствари“, се наведува во соопштението на Сасуоло.
Ди Франческо беше тренер на екипата 18 месеци. Како негови потенцијални наследници се споменуваат Алберто Малезани, Чиро Ферара и Филипо Инзаги.

Најнови вести