Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2014

Малезани ја презеде клупата на Сасуоло

Италијанскиот фудбалски клуб потврди дека за тренер го ангажира Алберто Малезани, кој доаѓа на местото на Еузебио ди Франческо.

Сасуоло го отпушти Ди Франческо во вторникот, а причина беа лошите резултати поради кои клубот се наоѓа во зоната за испаѓање.
Во текот на вчерашниот ден се појавија наводи дека најсериозен кандидат е поранешниот напаѓач на Милан Пипо Инзаги, но бидејќи „росонерите“ ја блокираа можноста да дојде во Сасуоло, управата на клубот се одлучи за поранешниот тренер на Палермо.
„Сасуоло може да објави дека тренирањето на првиот тим му го довери на Алберто Малезани. Малезани го презеде тимот вчера попладне. Официјалната презентација ќе биде одржана денес“, се наведува во соопштението на клубот.

Најнови вести