Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2013

Санино повторно на клупата на Палермо

Палермо, членот на Серија А, за нов тренер го именува Џузепе Санино, кој на таа функција ќе го замени Џанпјеро Гасперини.

На Санино ова му е втор мандат на клупата на Палермо, а претходно во 2012 година ја водеше екипата само на три натпревари, во кои забележа едно реми и два порази.
Покрај него и Гасперини, тренер на Палермо оваа сезона беше и Алберто Малезани.
Екипата на Палермо моментно на табелата на Серија А го зазема последното место и има само три победи.

Најнови вести