Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2017

И Сасуоло го смени тренерот

Италијанскиот фудбалски клуб Сасуоло соопшти дека Кристијан Буки не е веќе тренер на клубот.

Во краткото соопштение Сасуоло наведе дека Буки е сменет и дека клубот му се заблагодарува за професионализмот и за страста која ја покажа во претходните неколку месеци.
Италијанскиот клуб не соопшти кој ќе го замени Буки на клупата, а медиумите пишуваат дека тоа ќе биде Џузепе Јакини, некогашниот тренер на Палермо.
Кристијан Буки на крајот на јуни беше именуван за тренер на Сасуоло, кога го замени Еузебио ди Франческо, кој ја презеде Рома.
Сасуоло моментно се наоѓа на 16-тото место на табелата на Серија А само со 11 освоени бодови од 14 натпревари.

Најнови вести