Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2012

Јакини нов тренер на Сиена

Од редовите на италијанскиот фудбалски прволигаш Сиена синоќа објавија соопштение за смена на 54-годишниот тренер Серсе Козми, а нов тренер на клубот ќе биде Џузепе Јакини.

Козми е сменет еден ден откако Сиена во тосканското дерби на Серија А беше поразена од Фиорентина со 4-1.
Тоа на Сиена и беше трет последователен пораз, кој ја задржа прикована на дното на табелата, иако без казната од шест одземени бодови од почетокот на сезоната поради скандалот со местење натпревари би била на 15-тото место.

На поранешниот тренер на Џенова, Удинезе, Палермо и Лече од Сиена му се заблагодарија на соработката од речиси половина година, а негов наследник е 48-годишниот Џузепе Јакини, кој потпиша договор на шест месеци, со можност соработката да биде продолжена на уште една година.

Јакини тренерската кариера ја почна во Венеција, а беше тренер на Чезена, Виченца, Пјаченца, Бреша и Сампдорија.

Најнови вести