Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2015

Тоти го постигна 300-тиот гол за Рома

Франческо Тоти, капитенот на Рома, против Сасуоло го постигна својот 300-ти гол за тој италијански клуб.

Рома не успеа да го совлада Сасуоло на свој терен, натпреварот од четвртото коло на Серија А заврши нерешено 2-2, но навивачите имаа зошто да се радуваат.
Франческо Тоти, капитенот и легенда на Рома, во 36-тата минута од средбата, со асистенција на Миралем Пјаниќ, ја затресе мрежата на гостинот и го постигна својот 300-ти гол во Италија.
Тоти следната недела ќе наполни 39 години, а за Рома дебитираше кога имаше 16. Првиот натпревар за тимот од Рим го одигра на 28-ми март 1993 година против Бреша.
Целата кариера ја помина во Рома, со која освои една шампионска титула во Серија А и два трофеја во Купот на Италија.

Најнови вести