Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2013

Сасуоло домашните натпревари ќе ги игра во Реџо Емилија

Фудбалскиот клуб Сасуоло, новиот италијански прволигаш, потпиша двегодишна соработка со градот Реџо Емилија, каде што ќе ги игра домашните натпревари идните две сезони.

Во завршената фудбалска сезона првото место во италијанската Серија Б (втората фудбалска лига) го освоија фудбалерите на Сасуоло, а со тоа клубот стана рекордер во историјата на Серија А, бидејќи е најмалиот град со прволигашка екипа. Градот има 41.000 жители, а клубот во 91-годишната историја главно играше во ниските лиги.
Будењето почна во текот на последните години, па од 2008 година Сасуоло е италијански второлигаш, а пред две сезони играше дополнителни квалификации за Серија А. Тогаш клубот не успеа да ја исполни големата цел, но минатата сезона успеа кога го освои првото место.
Последните пет сезони Сасуоло домашните натпревари ги играше во Модена, а 25 километри оддалечената Реџо Емилија, каде што клубот отсега ќе ги игра домашните средби, има стадион со 20.000 места за седење.

Најнови вести