Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2017

Михајловиќ во конфликт со помошниците: Жал ми е, јас сум таков

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ изјави дека им е лут на помошниците бидејќи не ги погодиле измените на натпреварот во којшто Торино го победи Сасуоло со 3-0.

Михајловиќ не е познат како трпелив кога нешто не му е по волја, а во неделата попладнето по грешките не му беа по волја Лука Кастелаци и Атилио Ломбардо.
Тој во 80-тата минута сакал да направи измена Жоел Оби за Африји Аква, тоа им го пренел на помошниците, коишто на арбитрите им предале погрешни имиња, па наместо Оби, излегол Томас Ринкон.
Кога видел дека Ринкон излегува, Михајловиќ играчот го вратил на теренот, а потоа го оттурнал Кастелаци, па и Ломбардо.
Ломбардо на српскиот тренер му дофрлил уште нешто, но Михајловиќ се смирил, а судирот не ескалирал. Интересно е тоа што токму Оби го даде третиот гол за Торино, иако би бил на клупата ако беше испочитувана волјата на тренерот.
„Натпреварите може да ги одлучат ситниците и малите грешки и несфатливо е од играта да извадиме погрешен играч. Можеби не бев доволно јасен, но тоа е целосно јасна измена. Им се извинив подоцна, но тоа не ги менува работите дека направија голема грешка и покрај тоа што Оби даде гол. Жал ми е што реагирав така, но јас сум таков“, изјави Михајловиќ по натпреварот.

 


Најнови вести