Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2015

Заза од лето во Јувентус

Шампионот на Италија, Јувентус, го договорил трансферот на Симоне Заза, напаѓачот на Сасуоло, во јули.

Трансферот би требало да изнесува околу 15 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми. Неговото доаѓање би можело да значи продажба на Фернандо Љоренте на крајот на сезоната.
Заза договорил соработка до 2019 година вредна два милиони евра по сезона, со можност со бонусите тој износ да порасне до три милиони.
Тој беше на чекор од трансфер во Тотенхем, но ќе мора да почека неколку години пред да се обиде во Премиер лигата.
Заза има 23 години, кариерата ја почна во Аталанта, потоа играше за Сампдорија, Јуве Стабија, Вилјареџо и Асколи, пред да се пресели во Сасуоло пред две години.
Оваа сезона постигна осум голови во Серија А, а во меѓувреме стана и репрезентативец на Италија.
Јувентус има уште еден напаѓач во Сасуоло, веќе втора сезона на заем во овој тим е 20-годишниот Доменико Берарди, кој оваа сезона, исто така, постигна осум погодоци во Калчо лигата.

Најнови вести