Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2013

Џенаро Гатузо во Палермо доби отказ по шест кола на Серија Б

Џенаро Гатузо, легендарниот 35-годишен италијански фудбалер, на врелата тренерска клупа на италијанскиот второлигаш Палермо издржа само шест првенствени натпревари, а потоа доби отказ.

Маурицио Цампарини, првиот човек на Палермо, е познат како клупски лидер кој најчесто на светот сменува тренери, а во овој случај му откажа на неодамнешниот фудбалер на Милан.
„Го респектирав Гатузо, а и понатаму го почитувам. Но, изгледа беше погрешно да му се даде ваква работа на неговиот почеток на тренерскиот пат“, изјави Цампарини, кој на Гатузо му даде отказ по синоќешниот пораз на екипата на гостувањето кај Бари (2-1).
По шест одиграни натпревари, Палермо се наоѓа на 12-тото место на второлигашката табела со две победи, реми и три порази.
Единственото тренерско искуство Гатузо го имаше во швајцарскиот Сион, каде што ја заврши играчката кариера, а едно време таму ја вршеше должноста тренер-играч.
Нов тренер на Палермо е Џузепе Јакини.

Најнови вести