Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2018

Гатузо: Премногу грешки, не игравме како тим

Џенаро Гатузо, тренерот на Милан, по поразот од Арсенал, изјави дека неговите играчи не делувале како тим на теренот и дека лондонскиот клуб заслужено победил.

Милан има многу малку шанси за пласман по поразот на „Сан Сиро“ од 2-0.
„Знаевме дека ова ќе биде многу тежок натпревар. Арсенал дојде по неколку многу тешки моментни, но имаше исклучителен квалитет во неговите редови“, изјави тренерот на Милан.
„Ние направивме многу грешки. Не игравме како тим и Арсенал заслужено победи. Можевме да направиме многу повеќе да бевме тим, но тие константно напаѓаа и постојано нè доведуваа во опасност. Играњето на ова ниво е нова работа за многу мои играчи. Не беше наш ден. Ќе научиме нешто од ова“, додаде Гатузо.

Најнови вести