Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2018

Гатузо: Искуството не се купува во супермаркет

Џенаро Гатузо, тренерот на Милан, пред реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа со Арсенал изјави дека неговиот тим нема што да изгуби во Лондон.

Арсенал славеше во првиот натпревар во Италија со 2-0 и со тоа направи голем чекор кон пласманот во четврт-финалето. Но, во Милан не размислуваат да се предадат.
„Не дојдовме туристички во Лондон. Знаеме дека за нас ситуацијата е тешка, но секогаш е најдобро кога ќе ги победиш прогнозите. Арсенал беше подобар во првиот натпревар, се надевам дека ние ќе бидеме подобри сега“, изјави Гатузо.
Италијанскиот тренер изјави дека е свесен за причината поради која неговиот тим одигра послаб натпревар на „Сан Сиро“.
„Искуството не можеш да го купиш во супермаркет, а кога играш против тим каков што е Арсенал, тоа може да биде пресудно. Сепак, важно е дека сфативме каде згрешивме. Немаме што да изгубиме“, додаде тренерот на Милан.
Натпреварот меѓу двата тима на програмата е вечерва, од 21.05 часот.

Најнови вести