Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2018

Гатузо: Знам дека не сум врвен тренер

Џенаро Гатузо, тренерот на Милан, изјави дека не е тренерски гуру поради тоа што ги одведе „росонерите“ во финалето на Купот на Италија, иако призна дека изненадил многумина кога ја прифатил таа работа.

Фудбалерите на Милан по подоброто изведување на пеналите, го победија Лацио во реванш-натпреварот од полуфиналето на Купот.
„Росонерите“ се непоразени во последните 13 натпревари во сите натпреварувања.
„Знам дека некогаш ги полудувам на тренинзите, но се исплатува и на крајот сè ќе си дојде на своето. Ова е многу млад тим и се трудиме да станеме екипа за која навивачите повторно сонуваат“, изјави тренерот на Милан.
„Сакам да ги расчистиме работите, јас не сум голем тренер. Уште сум на почетокот. Не сум гуру на клупата, сè уште не сум остварил ништо. Истовремено, јас не сум личност за каква што се мислеше дека сум. Луѓето заборавија што работев во последните пет години. Оваа професија не се учи низ книгите, туку кога ќе примите удар, а јас веќе примив“, додаде Гатузо.
Милан во финалето на Купот на Италија ќе игра против Јувентус на деветти мај, повторно на „Олимпико“, и ќе има шанса за реванш од 2016 година, кога претрпе пораз во борбата за трофејот.

 

Најнови вести