Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
28.12.2017

Џокерот Кутроне го сруши Интер, прва победа на Гатузо!

Фудбалерите на Милан се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија во дербито „Дела Мадонина“ совладувајќи го Интер по продолженијата со 1-0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Патрик Кутроне во 104-тата минута од средбата.
Интересен беше дуелот меѓу миланските клубови, кои по неколкуте шанси не успеаја да ја затресат мрежата на противникот, па прашањето кој ќе биде победник беше решено по 90-те минути.
Екипата на Џенаро Гатузо одеше на сè или ништо, па уште во 19-тата минута Бонавентура се обиде со глава да го загрози голот на Ханданович, но словенечкиот голман одлично одбрани.
Интер во продолжението поведе по грешката на Антонио Донарума, кој беше на голот на „росонерите“ поради повредата на Сторари на загревањето, но голот беше поништен откако беа прегледани снимките.
Перишиќ ја испрати топката кон Ранокија, па Антонио Донарума ја испрати во неговиот гол, но со технологијата ВАР беше установено дека Ранокија бил во офсајд, па голот оправдано беше поништен.
Во второто полувреме најдобрата шанса ја пропушти Жоао Марио во 60-тата минута, но братот на Џанлуиџи Донарума одлично интервенираше.
И едните и другите се обидуваа да дојдат до победа во регуларниот дел, но не ги искористија шансите, па се играа продолженија.
Првата победа на тренерот на „росонерите“ му ја донесе џокерот на Гатузо, 19-годишниот Патрик Кутроне, кој по одличниот пас на Сусо, ја погоди мрежата на Хаданович и му донесе победа на неговиот тим во дербито „Дела Мадонина“ за прв пат по две години.
Милан во полуфиналето на Купот на Италија ќе се сретне со Лацио.

Најнови вести