Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2013

Палермо по три натпревари го смени Малезани и го врати стариот тренер

Маурицио Цампарини, контроверзниот сопственик на фудбалскиот клуб Палермо, продолжува со вртелешката на своите тренери.

Во саботата Палермо одигра 0-0 на домашен терен против Џенова, во 26-тото коло на италијанската Серија А, а со тоа екипата и понатаму остана на последното место на табелата.
Цампарини се обидува со сè и сешто да ја оживее и да ја спаси екипата, а сите негови обиди за спасување главно се врзани со смена на тренерите. Па така, отказ доби Алберто Малезани, досегашниот тренер, кој на клупата беше само на три натпревари.
Уште поневеројатно звучи фактот дека Цампарини одлучи на тренерската клупа да го врати Џанпјеро Гасперини, кој во Палермо доби отказ пред да дојде Малезани. Гасперини се враќа на добро познато место само по дваесетина дена отсуство.

Најнови вести