Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2012

Де Канио нов тренер на Џенова

Џенова по неделниот пораз од Сиена (1-4) одлучи да го отпушти тренерот Алберто Малезани и на негово место да го ангажира Луиџи де Канио.

За Малезани ова е вторпат оваа сезона да добие отказ во Џенова, клуб кому му се заканува испаѓање во понизок ранг.
Дуелот во Џенова беше прекинат поради влез на теренот на незадоволните навивачи.
Малезани во Џенова се врати на втори април на местото на тогашниот тренер Пасквале Марино. Де Канио, кој и порано беше стратег на овој тим во сезоната 2003/2004 во Серија Б, ќе има тешка задача во последните пет кола да го зачува прволигашкиот статус.

Најнови вести