Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2017

Џенова го отпушти Јуриќ, го доведе Мандорлини

По лошите резултати во последно време, Џенова го отпушти хрватскиот тренер Иван Јуриќ и го доведе Андреа Мандорлини.

Во клубот му се заблагодарија на Јуриќ, под чие водство екипата претрпе три последователни порази и падна на 16-тото место на табелата на Серија А.
Џенова минатиот викенд доживеа вистински дебакл со Пескара, изгуби со 5-0. Нов тренер на клубот ќе биде 56-годишниот Мандорлини.
Мандорлини во богатата тренерска кариера ги водеше: Аталанта, Болоња, Сиена, Сасуоло, а последен клуб му беше Киево, во периодот од 2010 до 2015 година.

 

Најнови вести