Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

„Пјатек-манија“ во Џенова

Полјакот синоќа постигна дури четири гола на официјалното деби за Џенова

Кшиштоф Пјатек веднаш ги освои срцата на навивачите на Џенова, откако со четири гола, му донесе победа на својот тим во дуелот со Лече од 32-финалето во Купот на Италија. Пјатек сите голови ги постигна во првото полувреме. Серијата ја отвори во 2., ја продолжи во 9. минута, хет-трикот дојде во 19, а четвртиот гол го даде во 37 минута. Овие 37 минути беа доволни за Полјакот да предизвика „Пјатек-манија“ кај фановите на Џенова. Пјатек излезе од игра во 60 минута и од публиката доби заслужени аплаузи. 
Овој напаѓач летово дојде во Џенова од Краковија, и на официјалното деби најави дека ќе биде големо засилување за нападот на тимот. 
Џенова во 16-финалето на Купот, за противник ќе ја има Ентела или Салернитана. 
На синоќешниот меч, сите 90 минути ги одигра Горан Пандев. Македонската фудбалска легенда е еден од најдобрите пријатели на Пјатек во тимот, му помага лесно да се прилагоди, а и на Полјакот (така кажа после еден пријателски меч кој го добија со 13-0) му одговара кога игра во тандем со струмичанецот. 

 

Најнови вести