Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Соиграч на Пандев се спаси од „мостот на смртта“

Доменико Кришито поминал само 10 минути пред да се сруши мостот во Џенова

Италијанскиот репрезентативец Доменико Кришито имал вистинска среќа што не е дел од настраданите на мостот кој вчера се урна во Џенова. Дефанзивецот на Џенова поминал на мостот само 10 минути пред да се сруши. Во несреќата загинаа повеќе од 30 луѓе, а многумина се повредени. Самиот Кришито раскажува како било. 
„Поминав на мостот само 10 минути пред да се сруши. За сите кои се грижат можам да им кажам дека сме добро. Нашите мисли се со семејствата на загинатите. Не може само така да паѓаат мостови. Мора да постои поголема сигурност“, револтирано коментираше Кришито, кој летово дојде во Џенова од тимот на Зенит. 
Кришито сезонава ќе биде соиграч со капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, кој е дел од тимот на Џенова од 2015 година и сигурно дека често го има поминувано мостот кој вчера беше кобен за 30-тина луѓе кои загинаа по неговото рушење. 

 

Најнови вести