Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2017

Џузепе Роси се враќа во фудбалот и во Серија А

Заборавениот напаѓач Џузепе Роси, некогашен голгетер на Вилјареал и на Фиорентина, најде вистински ангажман откако во јуни оваа година ја раскина соработката со „виолетовите“.

Роси потпиша договор со Џенова до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката на уште една година.
Некогашниот репрезентативец на Италија изминатите две сезони ги помина во Примера лигата, на заем во Леванте и во Селта.
Тој во текот на кариерата имаше големи проблеми со повредите, а последната ја доживеа во април, кога ги скина вкрстените лигаменти.

 

Најнови вести