Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2017

Бонучи суспендиран – ќе го пропушти Јувентус

Леонардо Бонучи, капитенот на Милан, е казнет со суспензија на два натпревари поради црвениот картон што го заработи во натпреварот против Џенова.

Бонучи на средбата со Џенова со лакот го удри противничкиот фудбалер Алеандро Роси, кој поради тоа обилно искрвави, а беше исклучен по судиските консултации и по прегледот на снимката.
Стоперот на „росонерите“ ќе го пропушти натпреварот против Киево, а потоа и против Јувентус, клубот од којшто летоска направи трансфер на „Сан Сиро“.
Милан на неговиот стадион одигра без голови со Џенова, а Бонучи црвениот картон го доби во 25-тата минута.
Неговата екипа по девет одиграни кола, се наоѓа на 11-тото место на табелата на италијанското првенство со 13 бодови.

Најнови вести