Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2013

Трета тренерска смена во Палермо

Палермо го отпушти тренерот Џанпјеро Гасперини еден ден по првенствениот пораз од 2-1 на домашен терен од Аталанта.

Клубот од Сицилија по 23 одиграни кола се наоѓа на крајот на табелата на Серија А и е главен кандидат за преселба во понизок ранг. Со три победи, осум ремија и 12 порази Палермо заостанува со четири бодови зад Џенова, првиот тим над зоната за испаѓање.
„Гасперини е ослободен од должноста, а новиот тренер ќе биде именуван во текот на денешниот ден“, соопшти клубот.
Италијанските медиуми тврдат дека екипата на Палермо ќе ја преземе Алберто Малезани, кој во 1999 со Парма го освои Купот на УЕФА.
Малезани ќе биде трет тренер на сицилијанскиот клуб во оваа сезона, откако Гасперини во септември минатата година го замени Џузепе Санино.

Најнови вести