Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2018

Ди Франческо: Зошто да не се случи чудо?

Еузебио ди Франческо, тренерот на Рома, изјави дека неговите играчи мора да веруваат во пресврт, иако реално тешко дека ќе ја стигнат предноста на Барселона од 4-1 во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Дуелот кој се играше на стадионот „Камп ноу“ го обележаа двата автогола на италијанскиот клуб. За Барселона погодија Пике и Луис Суарес, додека почесниот гол за Рома го постигна Един Џеко.
„Зошто да не се случи чудо? Имаме обврска да дадеме сè од себе, да се обидеме да направиме нешто важно, да се бориме за своите бои“, изјави тренерот на Рома.
„Знаеме дека е тешко, но мораме да веруваме. Мораме дури иако играме против фудбалерот кој рече дека не е во најдобра форма, а потоа, пред некој ден постигна хет-трик (Меси). Ќе се обидеме да ги затвориме, да спречиме додавања... Имавме добар став и во првиот натпревар, но ни недостасуваше прецизност. Се надевам дека ќе биде поинаку пред нашата публика“, додаде Ди Франческо.
На Рома ѝ се потребни минимум три гола и да ја зачува мрежата за да се пласира во полуфиналето на најсилното европско натпреварување.
Натпреварот во Рим на програмата е вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести