Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
29.11.2017

Третолигашот го шокираше Калјари, Сампдорија убедлива

Третолигашот Порденоне направи големо изненадување во шеснаесетфиналето на Купот на Италија.

Тимот од едно мало место во северниот дел на Италија славеше на Сардинија против прволигашот Калјари – 2-1 (1-1).
Гостите поведоа само по осум минути игра, кога беше прецизен Мигел Анхел, а во 18-тата минута Десена изедначи, воедно поставувајќи го конечниот резултат на првото полувреме.
Нова предност и конечен триумф на Порденоне му донесе Басоли, кој одлично скокна во 62-рата минута, по корнерот.
Третолигашот во наредната рунда го очекува дуелот со Интер од Милано.
Во другиот натпревар од денот имаше големо изненадување, со оглед на тоа дека СПАЛ беше поразен пред неговите навивачи од екипа од понизок ранг – на стадионот „Паоло Маца“ славеше Читадела со 2-0 (1-0).
Гостите поведоа со автоголот на Па Конате во 13-тата минута, а пласманот во наредната рунда и дуелот со Лацио го завери Андреа Шенети во 87-мата минута.
Сампдорија на домашен терен ја декласира Пескара со 4-1.
Домаќините за половина час имаа предност од три гола, а Ковнацки во 74-тата минута го постигна вториот гол на овој натпревар и со тоа го постави конечниот резултат.
Единствениот погодок за гостите го постигна Бенали во 53-тата минута.

Најнови вести