Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2013

Порто го доведе Колумбиецот Квинтеро

Колумбиецот Хуан Фернандо Квинтеро потпиша четиригодишен договор вреден пет милиони евра со Порто, соопшти актуелниот шампион на Португалија.

Квинтеро има 20 години, игра во редот за врска, а неодамна на Светското првенство за млади во Турција постигна три погодоци за селекцијата на Колумбија, која беше елиминирана во осминафиналето.
„Отсекогаш сум сакал да дојдам во Порто за да освојувам титули. Ова е важен чекор во мојата кариера, многу сум среќен и ми претстои напорна работа во новиот клуб“, изјави Квинтеро.
Тој минатата сезона го носеше дресот на италијанската Пескара, за која одигра 17 натпревари и постигна еден гол.

Најнови вести