Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2018

Родригес неизвесен, пеналите ги мачат Англичаните

Англија ја „избра“ Колумбија во осминафиналето на Светското првенство и по досега прикажаното се чини дека тоа не беше лош потег.

Додека англискиот селектор Гарет Саутгејт ги одмори своите клучни играчи во третото коло, Колумбијците мораа да дадат сè од себе да го победат Сенегал.
Колумбија стравува дали нејзиниот најдобар фудбалер Џејмс Родригес ќе биде подготвен за мечот кој во текот на целото првенство е далеку од 100% форма, а носителот на играта на „Гордиот албион“ Хари Кејн одмори во третото коло.
Саутгејт за овој натпревар може да смета и на клупскиот колега на Кејн, Деле Али, што значи дека Англичаните ќе бидат уште поопасни во нападот.
Покрај ова, младиот англиски состав е гладен за докажување и е без притисок по претходните неуспеси на Мундијалите.
Историјата не е на страната на „гордиот албион“, затоа што од 1990 година победиле на само два натпревари во нокаут фазата, против Данска во 2002 година и против Еквадор во 2006.
Англија се надева дека мечот со Колумбија ќе го реши пред изведувањето пенали бидејќи се специјалисти да губат во пенал сериите, дури шест од седум.
Колумбија играше во четврт-финалето пред четири години во Бразил кога загуби од домаќинот со 2-1.

Најнови вести