Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2018

Африка навива за Сенегал: Бод за осминафинале

Сенегал и Колумбија во директен дуел ќе одлучат кој ќе игра во осминафиналето.

На Сенегал му е доволен и бод, а Колумбија со реми оди понатаму само во случај отпишаната Полска да ја победи Јапонија. 
Јапонија и Сенегал имаат по четири бода и идентична гол разлика, 4:3, а Колумбија три бода и 4:2. Полска не освои бодови, има гол разлика 1:5 и за неа Мундијалот веќе е завршен.
Додатен мотив за Сенегалците е тоа што останаа единствена африканска репрезентација со реални шанси за осминафинале, и ако што изјави Кулибали, цел континент навива за нив.
Египет, Мароко, Нигерија и Тунис не успеаја да ја минат групната фаза и доколку Сенегал успее, за четврт-финалето ќе се бори со Англија или Белгија.
„На нас е да ги направиме луѓето горди, да го подигнеме знамето на Сенегал и на Африка на Светското првенство. Знаеме дека за нас навиваат 15 милиони Сенегалци, а сега со нас е и цела Африка. Верувам дека тоа за нас е само мотив, не и притисок. Мислам дека имаме сè што ние  потребно да се најдеме меѓу најдобрите 16 селекции и ќе дадеме сè од себе да го направиме тоа“, изјави Кулибали.
Досега ниту една африканска селекција не стигнала до полуфинале на Светско првенство. Камерун (1990 година), Сенегал (2002) и Гана (2010) стигаа до четврт-финалето.
Натпреварот меѓу Сенегал и Колумбија се игра на „Космос арената“ во Самара, а главен судија ќе биде Милорад Мажиќ.

Најнови вести