Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2017

Запалени автомобилите на претседателот на Пескара, си оди од клубот!

Во Серија А не е мирно, на претседателот на Пескара ноќеска му запалиле два автомобили.

На Даниеле Себастијани, претседателот на Пескара, му уништиле два автомобили, неидентификувани лица тоа го направиле ноќеска, околу 03.30 часот. Настрадал еден џип, како и „смарт“, кои биле пред куќата на Себастијан.
Првиот комшија забележал пожар и повикал пожарникари, а сè се смирило околу пет часот .
„Бесен сум. На крајот на годината си одам од Пескара“, изјави Себастијани.
Пескара моментно се наоѓа на последното место на табелата во Серија А само со девет освоени бодови. Има само една победа против Сасуоло, која ја доби од зелената маса.