Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2012

Бергоди нов тренер на Пескара

Четириесет и осумгодишниот Кристијано Бергоди е нов тренер на италијанскиот прволигаш Пескара.

Бергоди го наследи Џовани Стропа, кој поднесе оставка по неделниот пораз од Сиена во 13-тото коло на Серија А. Пескара ја остави на 17-тото место со 11 бодови.
Бергоди потпиша договор до крајот на актуелната сезона. Досега ја водеше второлигашката Модена, а најголемиот дел од тренерската кариера го помина во Романија, каде што ги тренираше: Прогресул, Клуж, Рапид Букурешт, Политехника и Стеауа.
Како играч најголемиот дел од кариерата, од 1989 до 1996 година, го помина во Лацио, а пред тоа пет години играше за Пескара.

Најнови вести