Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2012

Земан ги почна преговорите со Рома

Зденек Земан, стратегот на Пескара, е главен кандидат за испразнетото место на клупата на Рома.

По заминувањето на Луис Енрике, се шпекулираше со многу имиња, но, без оглед на фаворитот Винченцо Монтела, изгледа дека конечниот избор падна на чешкиот стратег.
Како што јавуваат италијанските медиуми, Земан во текот на денешниот ден ќе седне на маса со генералниот директор Франко Балдини и спортскиот директор Валтер Сабатини.
Челниците на Пескара вчера ја потврдија информацијата дека „волчицата“ стапила во контакт со тренерот, кој е познат по својата формација 4-3-3, со која успеа оваа сезона Пескара да ја внесе во Серија А.
Искусниот стратег еднаш веќе работеше во Рома, и тоа во 1997 година, кога дојде од редовите на најголемиот ривал Лацио.
Медиумите јавуваат дека официјалната промоција би можела да се случи уште оваа седмица.

Најнови вести