Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2018

Алба лобирал за Енрике, а тој го отпиша од „фуријата“

Левиот бек на Барселона не е во плановите на новиот селектор

По завршувањето на Светското првенство во Русија, сите шпански репрезентативци давале по три предлози за кои сметаат дека се најсоодветни за нов селектор, а Жорди Алба гласал и за Луис Енрике. Енрике го тренираше Алба во Барселона, па левиот бек имаше доверба во него. 

Енрике стана селектор, но кога ја даде листата на кандидати за настап во Лигата на нациите, ја шокираше јавноста, а најмногу самиот Алба со одлуката да не го повика во националниот тим. 

Алба велеше дека никогаш не кажал ништо лошо за Енрике, напротив, имал добар однос, но ќе ја почитува одлуката да не го земе во репрезентацијата. Во претходните седум години, Алба секогаш беше незаменлив на неговата позиција во националниот тим. 

Во Барселона, по заминувањето на Нејмар, Алба има и повеќе офанзивни задачи, во добра форма е, има многу асистенции, но сето тоа не е доволно да биде ставен на поширокиот список на кандидати. Маркос Алонсо и Хосе Луис Гаја ќе бидат левите бекови на шпанската „црвена фурија“ во наредниот период.

 

Најнови вести