Корисничко име Лозинка Пријави се
11.10.2011

Џовинко од првата минута против Северна Ирска

Чезаре Прандели, селекторот на Италија, потврди дека Себастијан Џовинко, напаѓачот на Парма висок 164 сантиметри, денес против Северна Ирска ќе настапи уште од првата минута.

Квалификацискиот меч во Пескара за Италијанците ќе биде ревијален, а ова ќе биде прв настап за дваесет и четиригодишниот фудбалер за Италија од првата минута. Во нападот ќе игра заедно со Антонио Касано.

„За мене неговата висина никогаш не претставуваше проблем. Секогаш сум сметал дека фудбалер кој е доволно добар да заигра во Серија А, може да ја искачи било која планина“, изјави Прандели за Џовинко, кој во моментов е најдобар стрелец во италијанскиот шампионат со постигнати пет голови на четири натпревари.

За националниот тим досега настапил четирипати, но секогаш влегувал од клупата, а сè уште чека и на првиот погодок.

Најнови вести