Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2012

Андреа Поли ќе паузира еден месец

Андреа Поли, фудбалерот на Сампдорија, ќе паузира еден месец поради повреда на бутот, соопшти италијанскиот клуб.

Поли го повреди бутниот мускул на десната нога на натпреварот против Пескара минатиот викенд, кој екипата на Сампдорија го доби со 3-2.
Овој 22-годишен играч за врска минатиот месец дебитираше за репрезентацијата на Италија во поразот од Англија од 2-1.
Поли ќе ги пропушти натпреварите на својот клуб во Серија А против Торино, Рома, Наполи и Киево, а ќе биде и надвор од националната селекција во квалификациите за Светското првенство против Данска и Ерменија.
Сампдорија, која оваа сезона се врати во Серија А, совршено го почна натпреварувањето бидејќи во првите три кола има исто толку победи.

Најнови вести