Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2016

Клоп: Балотели и понатаму е класа но мора да си замине

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп изјави дека Марио Балотели мора да го напушти клубот.

Единствена преостаната опција на италијанскиот фудбалер се тимовите Сампдорија и Кротоне или заминувањето во Кина.
Центарфорот се врати во Англија по едногодишната позајмица во Милан, каде не успеа да ја поврати својата кариера.
Според наводите на „Дејли мирор“, Клоп разговарал со Балотели и јасно му објаснил дека за него нема место меѓу „црвените“.
Единствени кои до сега покажаа интерес за него се Сампдорија и новиот член на Серија А Кротоне, но медиумите наведуваат дека постојат шанси Балотели да заигра во кинеската Суперлига.
„За многу играчи не е момент да се зборува за трансферите, бидејќи тоа би можело да ги расипе преговорите, ако се каже дека е некој близу. Но за Марио можам да зборувам бидејќи ситуацијата е јасна и нему сè му реков. Неговата кариера не е во фаза во која би требало да се бори за една од двете позиции со четворица или петмина играчи“, изјави Клоп. 
Балотели има 26 години, својата професионална кариера ја започна на 15 години, а во Серија А дебитираше на 17 годишна возраст. Важи за еден од најголемите таленти во Италија и имаше неколку добри сезони во Интер, Манчестер сити и Милан, но непредвидливото однесување, променливата игра и повредите го оддалечија од најголемата сцена.
„Сакаме да стане играч каков што беше пред повредите. Талентот и понатаму е тука, во тоа нема сомнежи. Кога на тренинзите работиме центаршутеви, удари со глава и слични работи, тој и понатаму е светска класа. Меѓутоа, кога доаѓа во ситуација во која треба да се бори со другите играчи за позицијата, јасно ни е дека ни треба решение за ова“, изјави Клоп. 
Балотели во последните години повеќе беше во вестите поради инциденти надвор од теренот, како и поради непромисленоста на теренот.
„Беше добар од кога дојде и не можам да кажам ништо поинаку. Не правеше проблеми, ништо слично. Сè беше во ред. Сега бидејќи е овде, ќе сториме сè што можеме да го вратиме во кондиција, а постои и некој клуб кој ќе биде среќен да го добие новиот Марио Балотели. Јасно му го кажав тоа. Сега е време за одлуки, а јас ќе се обидам да дојде во најдобра можна форма, па ќе видиме што ќе биде“, изјави Клоп. 

Најнови вести