Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2017

Икарди го одведе Интер на врвот на табелата

Фудбалерите на Интер ја победија Сампдорија со 3-2 во натпреварот од десеттото коло на италијанската Серија А.

Интер сега е единствен кој има одиграно десет натпревари во Серија А и се наоѓа на првото место на табелата со 26 бодови, со еден повеќе од Наполи, додека Сампдорија е шеста со 17 бодови од девет натпревари.
Интер на овој натпревар доминираше до 55-тата минута, кога резултатот беше 3-0, а гостите во финишот за малку ќе дојдеа до бод.
Шкринијар погоди за 1-0 во 18-тата минута, а Мауро Икарди 14 минути подоцна ја удвои предноста, додека во 55-тата минута зголеми на 3-0, што беше негов 11-ти гол на десет натпревари оваа сезона.
Гостите во финишот намалија со погодоците на Ковнацки во 64-тата и на Квалјарела во 85-тата минута, но сепак не успеаја да го избегнат поразот.

Најнови вести