Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2017

Фазоне бесен: Играчи, веднаш променете го ставот!

Марко Фазоне, спортскиот директор на Милан, изјави дека е недозволиво тимот да губи од послабите од себе.

Фудбалерите на Милан доживеаја пораз на гостувањето против Сампдорија (2-0) во шестото коло од Серија А.
Играчите на Винченцо Монтела во Џенова не упатија ниту еден удар кон голот.
„Немаме самодоверба, се надевам дека ќе се појави наскоро. Мислам дека Сампдорија не е наше ниво, без оглед на добрата работа на тренерот Џампаоло. Ние сме посилни од нив и поради тоа мораме да го промениме пристапот на натпреварите. Веќе предупредувавме на ова и поради тоа сега морам да станам и да кажам дека сум бесен, Милан не смее да губи од послабите од себе“, изјави Фазоне.
Милан ова лето доведе повеќе од десет засилувања, во тимот се вложени многу пари, но „росонерите“ по шест одиграни кола, веќе заостануваат со шест бодови зад водечките Наполи и Јувентус.
„Очекувавме дека ќе биде тешко во првата полусезона, дојдоа доста нови играчи, треба време, но, не ми се допаѓа нивниот став, не ме интересираат веќе изговорите, ситуацијата мора да се промени, итно“, додаде Фазоне.
Милан од стартот на Серија А има четири победи и два пораза и моментно се наоѓа на шестата позиција, а во наредното коло го очекува дерби со Рома.

Најнови вести